Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на РМ (,,Службен весник на РМ,, бр.21/98 и 18/07), 22 ноември 2022 година (вторник), Денот на Албанската азбука, е неработен ден за граѓаните припадници на албанската заедница во Република Северна Македонија.
Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на албанската заедница им го честита Денот на Албанската азбука.
Извор: Влада