spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаАнтикризни мерки и услови за работа на компаниите во време на криза,...

Антикризни мерки и услови за работа на компаниите во време на криза, нивниот развој значи стабилна економија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски во Струга ја посети фабриката за преработка на свежо месо Подгорка изградена со средства од ИПАРД 2 програмата, која во услови на тешка енергетска криза успеа да ги намали трошоците за струја благодарение на навремената инвестиција во сопствена фотонапонска централа.

Премиерот Ковачевски ги охрабри и останатите компании во земјава да го следат овој позитивен пример со што сите заеднички ќе обезбедиме побрза зелена транзиција на земјата, но и ќе ја намалиме енергетската зависност.

„Денес навистина е задоволство да се биде гостин во фабриката Подгорка, беше задоволство да се разговара не само со Мехмед Џемаиловски кој што е основач и директор на оваа компанија туку навистина и со сите вработени кои што ги видов внатре, сакам да ги поздравам и пратениците во Собранието, господинот Митревски кој што е тука со нас и секако да ве поздравам вас медиумите и граѓаните преку кои што можат нашите граѓаните да се информираат за се она што се прави во нашата држава. Она што овде е направено е навистина од врвен светски квалитет, фабрика која што е направена по сите стандарди и која што е резултат на знаењето на нашите граѓани тука кои што работат во државата и секако на поддршката која што ја добија и од Владата и од европските фондови.

Уште еднаш сакам да кажам дека навистина ми е драго што сум тука во Подгорка која што компанија во услови на три годишна криза успешно се развива, расте и инвестира. Тоа е затоа што има добро менаџирање, но и визија и развој и секако со поддршка и услови за работа обезбедени од државата нема да има за нив недостижни цели. Би сакал да му се заблагодарам на Мехмет и на целата компанија особено на вработените што секојдневно напорно работат и ја развиваат оваа компанија. Ми раскажаа дека имаат започнато со 10, а сега имаат 60 вработени. Денес работат на домашниот пазар, меѓутоа веќе ги отвораат пазарите во регионот и јас сум сигурен дека во блиска иднина ќе започнат да извезуваат и во  добар дел од европските држави. Ова е духот на посветеноста која што на сите нас ни е потребна и ова е тоа што сите наши граѓани треба да го видат дека ние можеме да изградиме фабрики со врвен светски квалитет и стандарди.

Ние како Влада обезбедуваме услови за работа на компаниите, ги поддржуваме, точно, тоа ни е обврска. Но за да има напредок, мора напорно да се работи. И затоа, ви честитам на сите овде како што ја чуваат и развиваат компанијата и тоа кога ние денес живееме во услови на навистина страшна голема, економска, финансиска, енергетска криза и вакви компании обезбедуваат исхрана за нашите граѓани.

Ние сме се секогаш тука како одговорна Влада за поддршка на компаниите и со одговорното менаџирање на буџетот успеавме да обезбедиме антикризни мерки со кои што помагаме и на граѓаните меѓутоа помагаме и на компаниите за задржување на нивната ликвидност.

Токму на тој начин успеавме во текот на оваа година да обезбедиме пакет од 760 милиони евра поддршка за најранливите категории на граѓани, но и поддршка за компаниите во државата за да ја обезбедиме нивната ликвидност.

Субвенционираме 80% од цената на електричната енергија за граѓаните и за малите компании кои вработуваат 98% од работниците во државата, што значи дека доколку не е таа субвенција сметките за електрична енергија би биле поголеми за 5 пати од тоа што граѓаните го плаќаат.

Со последните мерки за обезбедување на електрична енергија и драго ми е што тоа го препознава и директорот на оваа компанија обезбедуваме многукратно поевтина електрична енергија за компаниите кои што произведуваат основни прехранбени производи, и со тоа очекуваме намалување на 10 проценти, најмалку 10 проценти на основните прехранбени производи, сите веќе сте сведоци дека дел од производите почнаа да се намалува цената, меѓутоа тоа ќе следи и кај другите.

Со истото тоа одговорно однесување изминатиот период успеавме и да ја зголемиме минималната плата на 18 000 денари, да обезбедиме континуирано зголемување на просечната плата и исто така пристапивме со тој одговорен пристап и кон енергетска трансформација на државата.

Подгорка има основа дејност во месната индустрија но во време на една од најтешките енергетски кризи успеа да ги намали производствените трошоци благодарение токму на визијата на сопствениците и на инсталирањето на фотонапонска централа со која што задоволуваат 60% од потребите за електрична енергија кои што оваа фабрика ги има. Тоа е воедно и една од најисплатливите инвестиции кои што ги имаат направено и за кои дел од средствата се обезбедени  од ИПАРД 2 програмата на Министерството за земјоделие.

Преку истата таа програма тие го имаат кофинансирано и овој објект кој што ние денес го посетивме и ме информираа дека имаат план во најскоро време да направат една посериозна инвестиција уште една фотоволтаична централа со капацитет од околу 1,5 мегавати чиста електрична енергија од сонцето што дополнително ќе ги намали не само нивните производствени трошоци туку и ќе ја зголеми електричната енергија која што ќе може да се користи од страна на други корисници во овој регион.

Затоа антикризните мерки не изоставија никого, ќе го зачуваме стандардот на сите граѓани и ќе ги одржиме компаниите ликвидни.

Исто така гордост е да се биде тука бидејќи Подгорка е една од ретките компании која што има успеано да го искористи вкупниот износ на предвидените средства од ИПАРД програмата за ваков проект, затоа што имале исклучително квалитетен, сериозен проект, многу сериозен пристап во управувањето со него и на крајот резултатот е видлив, една од најсовремените фабрики за преработка на месо и месни производи кои што постојат овде во регионот.

Затоа и ги преземаме првите чекори и уверен сум дека ќе ја оствариме нашата визија и ќе обезбедиме вложување во индустриите на иднината кој ќе ни донесат повеќе работни места, подобри услови за работа, подобро платени работни места и ќе ни донесат подобра заедничка иднина.

Оваа фабрика покажува и уште нешто како можат граѓаните од нашата држава, а ние сме овде една Европа во мало и Македонци, Власи, Срби, Торбеши и Египќани во овој дел има многу во Струга, Охрид како можат сите заедно со својот труд да придонесат кон изградба на нешто што може да биде горда целата наша држава.

Уште еднаш сакам да се заблагодарам на домаќините, сакам да се заблагодарам и на медиумите за интересот и посакувам зголемено производство, а за некоја година и извоз во земјите од ЕУ”, рече премиерот Ковачевски.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...