Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата за помош за вршење на земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности и директните плаќања за произведени еднодневни бројлерски пилиња и еднодневни пилиња од јајценосни хибриди како и директните плаќања за одгледани и заклани бројлери во регистрирни кланични капацитети.
За 9516 лица се исплатени 94,8 милиони денари, а корисници на поддршката се земјоделските стопанства кои вршат земјоделска и сточарска дејност на надморска висина над 700 метри.
Корисниците на мерката за ПОМ со извршената исплата добиваат дополнителна финансиска поддршка во висина од 15% од основните директни плаќања по површина или грло добиток.
За произведени еднодневни бројлерски пилиња се исплатени 2 земјоделски стопанства со финансиска поддршка од 5.4 милиони денари. Корисници на оваа поддршка се земјоделските стопанства кои произвеле за сопствени потреби или продале еднодневни бројлерски пилиња.
Висината на поддршката е 6 денари по пиле за сопствени потреби, односно 10 денари за продадено пиле.
За 3 земјоделски стопанства се исплатени дирекните плаќања за одгледани и заклани бројлери во регистрирани кланични капацитети. Поддршката за овие корисници изнесува 12.6 милиони денари, а висината на поддршката по одгледано и заклано пиле е 40 денари.
Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој