Преку организирање дипломатско-економски караван во Југоисточниот плански регион, Општина Дојран ги презентираше можностите за инвестирање и потенцијалите пред економски аташеа и амбасадори на 17 дипломатски претставништва во земјата и од други држави кои ја покриваат нашата земја.
Општина Дојран визуелно, преку промотивни видеа ги промовираше убавините со кои располага и можностите за инвестиции.
Гостите покажаа интерес за инвестиции во туризмот, можностите за пласирање на нашите локални производи во земјите од кои доаѓаат и секако изразија воодушевување од природните убавини кои ги нуди нашиот Дојран.
Се надеваме дека економскиот дипломатски караван во блиска иднина ќе донесе инвестиции и дополнително ќе го забрза економскиот развој на нашата општина.
Извор: Општина Дојран