spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБитола: Втор наплатен центар на јавните комунални претпријатија „Водовод“, „Комуналец“ и „Нискоградба“

Битола: Втор наплатен центар на јавните комунални претпријатија „Водовод“, „Комуналец“ и „Нискоградба“

Почна со работа вториот наплатен центар на јавните комунални претпријатија „Водовод“, „Комуналец“ и „Нискоградба“, лоциран во „Новиот пазар“. Наплатниот центар, се отвора по барање на граѓани од Нова Битола и околните населби, кои потребата од ваков центар, ја изнесоа на отворените денови на градоначалникот, потенцирајќи дека, центарот ќе значи големо олеснување посебно за повозрасните жители, кои не користат електронско плаќање на услугите.

„На отворените денови кои ги имавме со граѓаните, посебно повозрасните сограѓани, ја нагласија потребата од наплатен центар и во „Новиот пазар“, со што би им се олеснило плаќањето на сметките за комунални услуги, а дополнително би заштедиле и време и средства. Согледувајќи ја потребата, јавните претпријатија го уредија и опремија овој простор, како втор наплатен центар, со што потребните услуги се достапни и во овој дел на градот. Во наплатниот центар граѓаните ќе можат да ги плаќаат своите сметки за вода, сметките за Нискоградба и комуналните сметки без провизија, и благовремено ќе можат да бидат информирани за состојбата на своите комунални сметки и услуги“, изјави градоначалниокот на општина Битола, Тони Коњановски.

Во новиот наплатен центар во “Нов пазар” граѓаните ќе можат да бидат информирани и за сите поволности на услугите кои ги нудат трите комуналните претпријатија: како одложено плаќање, плаќање без провизија, пријавување на дефекти и друго. Наплатниот центар ќе работи од понеделник до сабота.

 

 

Извор: Општина Битола 

Прочитајте

МЗШВ: Трипуновски – МЗШВ не постапило согласно законските одредби, со што...

0
Почитувани медиуми, Од денес повеќе нема ништо да биде исто. Започнуваме со објавување на сите сомнителни случаи и афери од претходното раководство на Министерството за...