spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Османи-Кери во Виена - Климатските промени и нивното негативно влијание на...

МНР: Османи-Кери во Виена – Климатските промени и нивното негативно влијание на безбедноста во фокус на средбата

Министер за надворешни работи, Бујар Османи во својство на Претседавач со ОБСЕ, оствари средба со американскиот специјален претставник за клима, Џон Кери на маргините на ОБСЕ Конференцијата за климатски промени во Виена.

Османи и Кери разговарале за климатските промени и нивното влијае на безбедноста и стабилноста во целиот регион на ОБСЕ.

„Ставањето на ова прашање високо на агендата на ОБСЕ ја покажува посветеноста и подготвеноста на ОБСЕ за понудување на решенија. И Северна Македонија работи посветено на справување со предизвиците што ги носат климатските промени. Со поттикнување на регионалната соработка и спроведување на заеднички иницијативи, Северна Македонија има за цел да го ублажи влијанието на климатските промени и да обезбеди сигурна и одржлива иднина за сите земји-учеснички“, истакнал Османи на средбата.

 

Османи пред Кери истакнал дека во наредниот период ОБСЕ ќе биде вклучена во  спроведување на вредни проекти и иницијативи во оваа тематска област.

„Бидејќи негативните влијанија предизвикани од климатските промени ретко се ограничени во националните граници, ние мора да продолжиме со нашите напори за идентификување и надминување на заедничките закани преку засилена регионална соработка и преку развивање заеднички мерки за намалување на ризикот на терен“, рекол Османи.

Османи го запознал Кери и со тековните активности на проектот поддржан од ОБСЕ за заштита на Шар Планина и Корабскиот масив и се заблагодарил за американската помош наменета за спроведување на проектот.

Прочитајте

Гази Баба: Поставување на хоризонтална и вертикална сигнализација пред училиштата и...

0
Изминатиот период пред повеќе општински основни училишта и детски градинки поставивме вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација. Со оваа активност ја зголемуваме безбедноста на граѓаните, а...