spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Тренчевска на тема на денот - Задоволен работник е продуктивен работник

МТСП: Тренчевска на тема на денот – Задоволен работник е продуктивен работник

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска беше гостинка во Тема на денот на дневникот на Сител Телевизија. Главен фокус на разговорот на нејзиното гостување беше општиот колективен договор и придобивките кои вработените во јавниот сектор ги имаат.

 

„После 15 години потпишуваме нов општ колективен договор кој им овозможува на вработените во јавниот сектор поголеми права“ рече Тренчевска.

Таа посочи дека целта на колективниот договор е да ги задржат во институциите добрите работници, а притоа да им се зголеми платата. Таа истакна дека со ова ќе се придонесе кон подобра и побрза испорака на услугите со што ќе може да се зборува и за задоволни граѓани од работата на јавната администрација.

Во однос на недоразбирањата со нерепрезентативните синдикати министерката го изјави следното

„Целиот дијалог за да го потпишеме договорот беше во рамки на ЕСС таму учествуваа репрезентативниот синдикат и репрезентативната организација на работодавачи, но покажавме волја ние како Влада заедно со синдикатите да ги вклучиме и нерепрезентативните  синдикати како што се СОНК и  КСС“.

Таа објасни дека после две години соработка тие ја напуштија работната група и дека поради лични интереси беа истакнати одредени недоразбирања.

Министерката исто така информираше дека јавната администрација оваа година ќе добие регрес за годишен одмор од 10.000 денари и дека истиот во 2024 година ќе продолжи да расте. Таа исто така посочи дека со овој колективен договор ќе бидат вратени и јубилејните награди.

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

МЕП: Министерот Муртезани назначен за главен преговарач со ЕУ

0
На седница на Владата, министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, беше назначен за главен преговарач со Европската Унија за членство на Република Северна Македонија...