spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Асфалтирање на улици

Илинден: Асфалтирање на улици

Општина Илинден продолжува со интензивно темпо за асфалтирање на улиците.  Асфалт добија крак на улица „9“ која се наоѓа позади црквата Свети Константин и Елена , во должина од 120 метри, како и крак 10 на улица „11“ во должина од 40 метри.

На терен излезе и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој се запозна со текот на активностите и истакна дека градежните работи се одвиваат под полна пареа, денеска се завршува со асфалтирање на овие два улици, а следната фаза за асфалтирање на улици продолжува на 5 крака во населено место Марино. Покрај асфалтирањето се работи и на тампонирање на неколку краци на улица „531“ во Марино.

Асфалтирањето и тапмонирањето на улиците се реализира во рамки на  програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта. Во изминатиот период асфалт добија 9 краци од улица „11“, а на овој начин на граѓаните од овој дел на населеното место Илинден  ќе им се подобри комуналната и патната инфраструктура како и ќе се подобри квалитетот на живот. Средствата за реализација на овие активности се целосно обезбедени од Буџетот на Општина Илинден.

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...