Општина Илинден продолжува со реализација на Годишната Програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на Општина Илинден за 2023 година.
Од страна на стручните служби на вршителот на услуга на ден 02.10.2023 година извршена е есенска дератизација по шахти на јавни површини за уништување на глодари, при што е извршено третирање на 700 шахти за фекална канализација во населените места Илинден, Марино и Кадино и есенска дезинфекција на јавни објекти на површина од 3300м2.
Со цел да се заштити и подобри здравјето на населението од заразни болести Општина Илинден согласно Елаборатот за спроведување на дезинсекција за спречување и сузбивање на вектор преносливи заболувања во текот на 2023 година освен пролетната и есенската дератизација и дезинфекција во пет наврати беа извршени и терестички дезинсекции за уништување на возрасни форми на комарци на површина од 300хектари и во два наврати извршена е ларвицидна дезинсекција за уништување на ларви од комарци на површина од 50 хектари.
Извор: Општина Илинден