spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Се решава проблемот со бездомните кучиња

Илинден: Се решава проблемот со бездомните кучиња

По барање на граѓаните и во насока на решавање на проблемот со бездомни и нерегистрирани кучиња, општина Илинден презема доследна примена на одредбите од Законот за заштита и благосостојба на животните.

По пријави од граѓани и по утврдена состојба на терен, бездомните кучиња се заловуваат каде во 5 наврати заловени се 30 кучиња. Приоритет за заловување и третман на бездомни и нерегистрирани кучиња се дава на дворните површини на училиштата, детските градинки, јавните објекти и други фреквентни места во централниот дел на општината.

Заловувањето се врши според програмата за третирање и постапување со животните скитници на подрачјето на општина Илинден за 2023 година, донесена од страна на Советот на Општина Илинден. При заловувањето на кучињата често се утврдува дека тие имаат микрочипови, односно имаат сопственици, поради што за заловување и третман наплатата за услугата се префрла на товар на сопствениците.

За таа цел општина Илинден апелира  до сите сопственици на кучиња, без разлика дали се регистрирани или не, да се грижат за своите миленици и да не ги пуштаат без придружба на сопственикот да се движат на јавни места.

 

 

 

Извор: Општина Илинден 

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...