spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Азир Алиу - За професионални онлајн медиуми, мора да се почитуваат...

МИОА: Азир Алиу – За професионални онлајн медиуми, мора да се почитуваат одредени етички стандарди и норми

Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу беше еден од говорниците на отворањето на настанот, во организација на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Мисијата на ОДИХР во Скопје, на кој беше промовиран Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми.

 

 

Министерот Алиу истакна дека, дигиталната трансформација носи многу придобивки, меѓу другото и во однос на брзината на ширење информации, па затоа мора да се почитуваат етичките и професионалните стандарди, вредности и норми, во корист на професионалноста.

 

„Онлајн медиумите се главен извор на информации за многу луѓе и денес тие играат важна улога во обликувањето на јавното мислење и ширењето информации. Затоа, почитувањето на вистината, одговорноста кон читателите, заштитата на изворите на информации и одговорното користење на технологијата се некои важни етички стандарди и норми кои мора да се следат за да се обезбеди професионални онлајн медиум. Покрај промовирањето на кодексот на однесување, подеднакво е важно да се обезбеди фер, отворен и безбеден изборен процес за сите гласачи. Исто така, важно е да се има јасно и применливо законодавство кое ги надгледува изборните процеси на ефективен и транспарентен начин“, рече министерот  Алиу.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте