spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАФПЗРР: Објавен јавниот повик за набавка на добиток од увоз

АФПЗРР: Објавен јавниот повик за набавка на добиток од увоз

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објави јавниот повик 10/2023 за набавка на добиток од увоз или од признати организации на одгледувачи.

Јавниот повик се однесува за инвестиции во набавка на високостелни педигрирани јуници за млеко и месо, набавка на машки и женски приплодни грла овци и машки и женски приплодни грла кози.

Право на користење на финансиска поддршка од овој повик имаат земјоделските стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство согласно законот за земјоделство и рурален развој.

Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник изнесува 10 милиони денари, што претставува поврат на направената инвестиција од 50% – 75%

,,Ги повикувам сите заинтересирани субјекти кои сакаат да инвестираат во набавка на високопедигриран добиток со цел отпочнување со сточарска дејност или зголемување на своето стадо да го искористат периодот од 16.10.2023 до 16.11.2023 година и да ги поднесат своите барања за финансиска поддршка. Ова е мерка која веќе со години дава одлични резултати кои се во правец на подобрување на генетскиот потенцијал на македонското сточарство” – образложи директорот Бачовски.

Аплицирањето за оваа мерка се врши по електронски пат, односно сите заинтересирани ќе треба да креираат електронско барање за финансиска поддршка со податоци за инвестицијата и да ги прикачат сите потребни документи.

Упатството за регистрација на барателите во системот за електронско поднесување на барање може да се превземе на почетната страна e-baranje.ipardpa.gov.mk. Упатството за корисници за поединечна мерка може да се превземе по започнување на креирање на барање за мерката. Упатството за корисниците може да се подигне на веб страната на Агенцијата – www.ipardpa.gov.mk.

 

 

 

 

Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Ново Маало доби реконструирана улица „Блаже Тодоровски” и...

0
Градежните активности за реконструкција на улицата „Блаже Тодоровски“ во Ново Маало влегуваат во завршна фаза. Денеска започна асфалтирањето на коловозот во должина од 135 метри...