HomeСамостојни органиНАЕОПМ: Јавен повик за избор на 5 (пет) амбасадори за мрежите Европас...

НАЕОПМ: Јавен повик за избор на 5 (пет) амбасадори за мрежите Европас и Еврогајденс

spot_img
spot_img

Врз основа на Решение  број 784/2  од 02.09.2024 година, Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност објавува:

Јавен повик за избор на 5 (пет) амбасадори за мрежите Европас и Еврогајденс

Согласно усвоената програма за европските образовни мрежи Европас и Еврогајденс за 2024- 2026 година на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност предвидува ангажирање на 5 (пет) амбасадори за мрежите Европас и Еврогајденс.

Улогата на амбасадорот ќе биде промоција на Европас и Еврогајденс мрежите, одржување на презентации пред различни таргет групи, пишување на кратки артикли за настаните кои ќе одржат, објавување на истите, присуство на различен вид на настани кои ќе бидат организирани од страна на Европас и Еврогајденс мрежите во државата и странство.

На повикот можат да се пријават   лица од невладини организации, наставници од средни стручни училишта и универзитети како и кариерни советници од средни стручни училишта и универзитети.

Критериумите за аплицирање како и според кои ќе бидат оценувани пристигнатите апликации се следни:

  • да е на возраст над 18 години
  • да е вработено во невладина организација, училиште или универзитет
  • да има познавање од англиски јазик
  • да има искуство со организација на презентации и обуки
  • да има познавање од икт алатки

Кандидати кои ќе аплицираат потребно е да ја достават следната документација:

–          Европас кратка биографија

–          Сертфикат или Диплома за познавање на познавање на англиски јазик

–          Сертификат или диплома за  познавање на ИКТ алатки

–          Др сертификати за присуство и одржување на презентации и обуки

Националната агенција со избраниот амбасадор ќе склучи договор за извршување на услуги за периодот 2024-2026 година во кој ќе се утврдат правата и работните обврски, како и надоместокот за извршените обврски. 

Начин на аплицирање

Потребната документација треба да се достави на следната е-пошта  info@na.org.mk со наслов на е-поштата:Европас и Еврогајденс амбасадор најдоцна до 16.09.2024 година  

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето. Ненавремените и некомплетни пријави, нема да бидат предмет на разгледување од страна на Комисијата за разгледување и евалуација на пристигнатите апликации.

Општи мерки за спречување на корупцијата

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 5 (пет) амбасадори за мрежите Европас и Еврогајденс и при извршување на договорите, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.

Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.

Извор: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

МП: Итно мислење на Венецијанската комисија за предложениот модел за правосудниот...

0
Владата на денешната седница ја усвои потребата од добивање итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел за полагање на правосудниот испит. Со овој чекор...