spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Шаќири - Зголемениот интерес на учениците се должи на унапредувањето на...

МОН: Шаќири – Зголемениот интерес на учениците се должи на унапредувањето на квалитетот на средното стручно образование

Со исклучителен неколкугодишен ангажман на Министерството за образование и наука заедно со партнерите, ја променивме перцепцијата за стручното образование и ја зголемивме неговата атрактивност. Тоа го покажува и континуираниот раст на бројот на запишани ученици во средното стручно образование. Во учебната 2023/2024 во средно стручно се запишаа над 43 илјади ученици а од нив над 6.900 ученици во 592-те дуални паралелки. Ако до неодамна гимназиите беа прв избор на завршените деветтооделенци, сега сликата е сосем променета. Оваа учебна година 67,3 проценти од учениците одбраа стручно образование, споредено со гимназиското.

Ова го нагласи министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешниот настан во организација на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија, со посебен фокус на стручното образование и програмите на компаниите за стипендирање на идните генерации на вработени. Шаќири наведе дека зголемениот интерес на учениците се должи на унапредувањето на квалитетот на средното стручно образование согласно Стратегија за образование и стратешките цели за забрзан економски раст и развој, како и на реализираните социјални дијалози за доближување на предностите и можностите кои овој тип на образование ги нуди.

„Со успешни политики привлекуваме странски инвестиции, отвораме нови работни места и продуцираме кадри кои имаат знаења и вештини за потребните работни позиции. Од клучно значење е да вложуваме во образованието. Проширувањето на стручното образование со дуалниот концепт и се помасовното вклучување на компаниите во реализацијата на учењето низ работа, овозможуваат остварување на заложбите на државата за продуктивен ангажман на младите истовремено одговарајќи на корпоративните барања за квалификувани работници“, рече министерот Шаќири.

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте