spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Соопштение

Град Скопје: Соопштение

Град Скопје денеска во Градскиот парк со дефиле што се одржа по повод одбележувањето на месецот на борба против ракот на дојки, испратија порака за подигање на свесноста за потребата од информираност, превенција, самопрегледи и редовни лекарски прегледи.

– На над 300 жени од градската администрација им беа овозможени  ехо и мамографски прегледи со цел превенција и подигнување на свесноста за опасноста од ракот на дојки. Во исто време сакаме да нагласиме дека навременото откривање на овој вид на рак значи шанса за соодветно лекување, шанса за живот. Затоа, за нас свесноста за оваа болест треба е фокусот 365 дена во годината, со редовните прегледи, но и за подигање на свесноста за ризиците и важноста на контролата и превенцијата – нагласи денеска градоначалничката Арсовска.

Секоја институција и правно лице неопходно е да направат исчекор во овозможување овие прегледи да станат дел од задолжителните редовни здравствени прегледи, со што како и во нашата институција ќе се помогне на голем број жени за рана детекција и превенција од заболување од рак на дојки.

 

 

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте