spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТВ: Министерот Бочварски изврши увид во реконструкцијата на локалниот пат Орешани –...

МТВ: Министерот Бочварски изврши увид во реконструкцијата на локалниот пат Орешани – Зелениково

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска изврши увид во реконструкцијата на локалниот пат Орешани – Зелениково, во општина Зелениково, инвестиција вредна 30 милиони денари.

 

Ова е дел од Проектот за изградба и реконструкција на локалните улици и патишта во општините, што се реализира преку Министерството за транспорт и врски, со вкупна инвестиција од 70 милиони евра.

 

Се работи за локален пат кој ги поврзува населените места Орешани и Зелениково, со чија реконструкција се подигнува безбедноста во сообраќајот и се овозможува поквалитетно поврзување на жителите од општина Зелениково.

 

„Драго ми е што денеска бев во Орешани и Зелениково каде работиме на комплетна реконструкција на локалниот пат кој ги поврзува овие две населени места и кој е од огромно значење за жителите на општина Зелениково. Реконструкцијата на патот е во завршна фаза, а во овој момент се работи на поставување на заштитените огради покрај патот. Ме радува што граѓаните се задоволни и ги препознаваат нашите напори да реализираме вакви проекти со кои го олеснуваме нивното секојдневие и ја подобруваме безбедноста во сообраќајот. Даваме сериозен инпут на локалните самоуправи преку овој Проект за изградба и реконструкција на локалните улици и патишта, Министерството за транспорт и врски е најголем инвеститор во општините. Поддршката продолжува, проектите кои носат бенефит за граѓаните се наш врвен приоритет.“ – истакна министерот Бочварски.

 

До сега во рамките на овој Проект, Министерството за транспорт и врски реконструираше преку 140 локални улици и патишта во над 60 општини.

 

 

 

 

Извор: Министерство за транспорт и врски 

Прочитајте