Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во септември 2023 година, во
споредба со септември 2022 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот во номиналната и реалната
стапка е забележано само во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун, и тоа за 9.7 % номинално и за 2.1%
реално, додека во следните групи: Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво номинално расте за
1.7 %, а реално опаѓа за 3.9 %, Трговија на мало, освен трговија со горива номинално расте за 5.8 %, а реално опаѓа
за 0.9 %. Пад во двете стапки е забележан само во групата Трговија на мало со автомобилски горива, номинално за
8.3 %, а реално за 5.0 %.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел: +389 2 3295 666
е-пошта: press@stat.gov.mk.
Извор: Државен завод за статистика