HomeСамостојни органиДЗС: Индекс на цените на угостителските услуги, октомври 2023 година

ДЗС: Индекс на цените на угостителските услуги, октомври 2023 година

spot_img
spot_img

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во октомври 2023 година, во споредба со септември 2023 година, е зголемен за 0.3 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.3 %, Алкохолни пијалаци за 0.1 % и Безалкохолни пијалаци за 0.3 %.

Индексот на цените на угостителските услуги во октомври 2023 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 6.1 %.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – октомври 2023 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 10.5 %, додека во однос на декември 2022 година, е зголемен за 3.9 %.

 

  Преземи го соопштението во целост

   Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта: press@stat.gov.mk.

 

 

 

 

 

Извор: Државен завод за статистика 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија