spot_imgspot_img
spot_img
spot_img

АФПЗРР: Известување

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува производителите на сертифициран семенски материјал од пченица и јачмен дека е во тек поднесувањето на барањата по Програмата за спроведување на интервентниот фонд за земјоделство за 2023 година, мерка 1.3 „Финансиска поддршка за произведен домашен сертифициран семенски материјал од прва и втора генерација на пченица и јачмен“.

Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои имаат поднесено барање по подмерка 1.15 “Директни плаќања за произведен и продаден домашен сертифициран семенски материјал од прва и втора генерација, житни, фуражни, индустриски и градинарски култури” од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година, кои се запишани во Регистарот на снабдувачи на семенски материјал, кои имаат произведен семенски материјал за земјоделски растенија и имаат добиено сертификат за конечно сертифицирано семе од прва и втора генерација за пченица и јачмен.

Висината на финансиската поддршка изнесува 3 денари по килограм за произведена пченица и јачмен од прва и втора генерација и запишана во серитфикатот за реколта 2023 година.

Барањата се поднесуваат директно во Агенцијата на рачно пополнет образец кој е  објавен на веб страната на Агенцијата во делот Директни плаќања 2023, Програма за спроведување на интервентен фонд, Обрасци:

Во прилог на барањето не се доставуваат дополнителни документи, потребните податоци за проверка на исполнетост на условите Агенцијата ќе ги обезбеди по службена должност.

Крајниот рок за поднесување на барањата е 17 ноември 2023 година.

 

 

Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

Прочитајте

МЗ: Средба со директорот на ФЗОМ – Разгледани можностите за проширување...

0
Министерот за здравство Арбен Таравари одржа состанок со директорот на Фондот за здравствено осигурување, д-р Александар Клековски, претставници на Фарамабренд-Нова (асоцијација на иновативни фармацевтски...