spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Валандово добива нова градинка, во Пирава решаваме долгогодишен предизвик

МТСП: Валандово добива нова градинка, во Пирава решаваме долгогодишен предизвик

На денот на ослободувањето на Валандово, Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и градоначалникот на Општина Валандово, Перо Костадинов најавија нова градинка во Пирaва, Валандово која ќе го реши долгогодишниот предизвик на Пирaва за сместување на децата во предучилишни установи.

Тренчевска при посетата на местото каде ќе се реализира проектот на новиот објект истакна дека ова е уште еден доказ дека соработката со општините секогаш придонесува кон подобар квалитет на живот на граѓаните.

Градоначалникот Костадинов посочи дека за него детската заштита останува да биде приоритет број еден. Тој истакна дека трендот на зголемување на капацитетите на градинките мора да продолжи како и во изминатите години.

Во Општина Валандово во 2019 година беше изграден нов објект во село Брајковци со капацитет од 50 деца, додека во 2022 година беше изграден нов објект во село Јосифово со капацитет од 52 деца. И двата објекти се финансирани од страна на Министерството за труд и социјална политика за кои се инвестирани повеќе од 37 милиони денари.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...