spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Кренар Лога се сретна со првата генерација на студентите на Правниот...

МП: Кренар Лога се сретна со првата генерација на студентите на Правниот факултет при Универзитетот „Мајка Тереза„- Скопје

Министерот за правда, Кренар Лога се сретна со првата генерација на студентите на Правниот факултет при Универзитетот „Мајка Тереза„- Скопје. Бруцоши полни со ентузијазам кои му даваат живот на надежта за иднината.

 

Во еден пријателски и колегијален разговор, кај младите  колеги јасно се забележуваше нивната одлучност, не само за лична подготвеност, туку и за промени во системот и  за придонес во општеството. Дискутираа за предизвиците со кои се  соочува правосудниот систем во земјава, за аномалиите и за начинот за враќање на правдата во земјава.

Министерот Лога одблиску ги информираше за сите процеси што ги започнавме и слушна од нив совети и оценки кои не мотивираат уште посилно да продолжиме со нашите напори за владеење на правото и правната држава.

 

 

 

 

Извор: Министерство за правда

Прочитајте

АХВ: Неконтролираната употреба на антибиотици е мултисекторски проблем

0
“Рационалната и контролираната употреба на антимикробните средства е прашање од исклучителна важност за сите нас, почнувајќи од примарното земјоделско произвоводство. Водењето сметка за употребата...