spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: Јавен повик за најубаво новогодишното украсување

Гази Баба: Јавен повик за најубаво новогодишното украсување

По повод новогодишните и Божиќните празници, се повикуваат жителите од општина Гази Баба заеднички да го разубавиме просторот во кој живееме и работиме, со свој придонес во новогодишното украсување.

За таа цел, општината обезбеди награди за најубаво украсените дворови, тераси, заеднички простор пред зграда (заедница на станари), простор пред стопански субјект, градинки и основно училиште.

Пријавувањето може да го направите на телефонските броеви 02/3212886; 078/311-317, или лично во едношалтерскиот систем во општина Гази Баба, најдоцна до 23.12.2023 год. до 16,00ч.

Податоците да содржат адреса и телефон за контакт.

Комисија од општината ќе ги посети пријавените на 25.12.2023 год. по 17,00 ч.

 

 

 

Извор: Општина Гази Баба 

Прочитајте