spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Меџити - Отворен оддел за онкологија и реновиран одделот за радиологија...

МЗ: Меџити – Отворен оддел за онкологија и реновиран одделот за радиологија во тетовската болница

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити заедно со претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, беа во работна посета на Клиничката болница во Тетово. Целта на посетата беше отворањето оддел за онкологија, како и промоција на реновираниот оддел за радиологија и конференциската сала.

Министерот Меџити истакна дека во рамки на установата, досега функционираше само онколошката амбуланта, а како новитет со новиот оддел се стремиме да ја растовариме гужвата и фреквенцијата на пациенти на Клиниката за онкологија.

„Покрај подобрувањето на инфраструктурата, болницата е опремена и со два рендген апарати и мамограф со можност за стереотакса и дензитометрија, обезбедени од Министерство за здравство“, рече Меџити.

Тој посочи дека како министер за здравство и долгогодишен лекар, заедно со тимот се фокусирани на подобрување на болничките услови на пациентите со комплетно нови опремени соби и современа медицинска опрема.

„Со тоа создаваме и соодветни услови за работа на здравствениот кадар, кои со својата несебична заложба и истрајност низ годините покажаа дека се целосно посветени во грижата и третманот на пациентите. Упатувам голема благодарност до директорот д-р Илир Демири за одличното менаџирање на здравствената установа, за вложувањето во подобрување на условите за работа и престој во болница, како и за инвестирање во медицинскиот персонал“, изјави Меџити.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

УЈП: Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријавите, системот Е – Даноци...

0
Управата за јавни приходи ја известува јавноста дека поради зголемен прилив на поднесувања на ДДВ-04 пријавите, некои даночни обврзници имаат потешкотии при поднесувањето на...