spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Јавен повик до спортски здруженија, други правни лица и поединци од...

Центар: Јавен повик до спортски здруженија, други правни лица и поединци од областа на спортот за 2024 година

Општина Центар-Скопје дава финансиска подршка на спортски клубови, спортисти-поединци, здруженија и други организации што со спроведувањето проекти од областа на спортот придонесуваат за негова промоција, унапредување и афирмација, подобрување и зголемување на спортските успеси на домашен и на меѓународен план.        

Јавниот повик се објавува во рамките на Програмата за спорт за распределба на средства од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2024 година.

Право на учество

– На Јавниот повик може да се пријават спортски здруженија, други правни лица и поединци од областа на спортот;

– Субјектите мора да се формирани и да дејствуваат на територија на Општина Центар-Скопје.

Основни критериуми за учество во Јавниот повик што треба да ги исполнуваат спортските здруженија, други правни лица и поединци од областа на спортот се:

– проектот да опфаќа поголем број млади;

– поттикнување и афирмирање на одреден вид спорт;

– проектната активност да овозможи привлекување на граѓаните и поголема достапност;

– реализирање спортски програмски активности;

– организирање и спроведување систем на натпревари;

– во проектот да е застапена рамномерна старосна и родова застапеност;

– унапредување на стручната работа и усовршување на стручните кадри;

– активирање на млади во различни категории спорт;

– афирмирање на млади спортисти на домашен и меѓународен план.

Документација што спортските здруженија и други правни лица од областа на спортот задолжително треба да ја приложат  за аплицирање на Јавниот повик:

– Документација за регистрација на субјектот (тековна состојба оригинален примерок) не постара од еден месец, издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија;

– Извештај од спортските здруженија, други правни лица и поединци од областа на спортот за потрошени средства ако од Општина Центар-Скопје добиле средства за реализација на спортски проект или за учество и напредување во одреден спорт за 2023 година;

– Потврда за активна трансакциска сметка;

– Финансиски план за потребните средства за реализација на проектот со кој се аплицира;

– Пријава за аплицирање што е поставена на веб-страницата на Општината (www.opstinacentar.gov.mk)
– Копии од прилози, фотографии, награди и др.

Рок и начин на доставување на пријавите: Краен рок за поднесување на пријавите е осум (8) дена од денот на објавувањето на Јавниот повик. Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта или во Архива на Општина Центар-Скопје, ул. „Михаил Цоков“ бр. 1.

Нема да се разгледува и да се земе предвид пријава што не ја содржи целосната документација што се бара во Јавниот повик.

Прилог 1 – пријава на конкурс за 2024 – спорт

Извор: Општина Центар

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...