spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: Средба со амбасадорите и со претставниците на меѓународните организации

ДКСК: Средба со амбасадорите и со претставниците на меѓународните организации

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), на 29 јануари 2024 година, оствари средба со амбасадорите и со претставниците на меѓународните организации во Република Северна Македонија.

Средбата се одржа на иницијатива на Државната комисија за спречување на корупцијата, по повод завршување на мандатот на овој состав на ДКСК, заради изразување на благодарност за остварената добра соработка, како и со цел запознавање на гостите со постигнатите резултати на ДКСК во изминатиот мандат, предизвиците со кои се соочува ДКСК при исполнувањето на законските надлежности, како и нејзините тековни и планирани активности.

Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска и членовите на ДКСК накусо ги запознаа гостите со постигнувањата на овој состав на ДКСК,пришто беше истакнатоголемото значење на остварената соработка и поддршката на меѓународниот фактор на ДКСК во остварувањето на нејзините законски надлежности.

Имено, г-ѓа Ивановска истакна:

Почитувани амбасадори, почитувани претставници на меѓународните организации, драги наши пријатели,

Имам особена чест и задоволство да ве поздравам и да ви посакам добредојде.

Овој настан го организиравме со единствена цел, да ја искажеме нашата благодарност за поддршката што имавме од вас изминативе пет години.

Секогаш кога се соочувавме со предизвици, со препреки, со непочитување на нашите иницијативи и препораки, наидувавме на искрена поддршка и помош од ваша страна, за што сме посебно благодарни.

Во трасирањето на вистинскиот пат за борба против корупцијата, од исклучителна важност беа препораките дадени токму од меѓународната заедница, кои беа имплементирани во новиот Закон за спречување корупција и судир на интереси од 2019 година, со што Законот се усогласи со правото на ЕУ во областа на правосудството и фундаменталните права односно со правната рамка на Европската унија.

Од особена важност беше имплементацијатана препораката од Извештаите на ЕК, за воспоставување функционална независност на Комисијата, преку дефинирање на нов начин за избор на претседател и членовите на комисијата, со што се  овозможи

  • транспарентен процес и вклученост на јавноста и граѓанските организации, како и
  • мерит и ветинг на кандидатите што во крајна линија овозможува независност на именуваните.

Напоредно со меѓународните стандарди за независност, ефикасност и не селективност со Законот се проширија и надлежностите во работењето на ДКСК како превентивно антикорупциско тело.

Вашето будно и грижливо око ги следеше сите турбуленции низ кои поминувавме,  особено на почетокот кога немавме соодветен простор за работа, кога опремата доделена преку ИПА проект неколку години не можевме да ја ставиме во употреба, кога Собранието го одолговлекуваше донесувањето на Националната антикорупцискастратегија,но со вашите јавни укажувања за тежината на нашите проблеми помогнавте во решавањето на истите.

Исто така многу важно ни беше што ја следевтенашата посветена, професионална, непристрасна и неселективна работа  за која во изминатиов период институцијата добиваше позитивна оценка, но и вашите препоракидо Владата  за зајакнување нафункционирањето на институцијата особено со доделување дополнителни средства за вработување специјализиран кадар, како и за натамошно унапредување на борбата против корупцијата и судирот на интереси во земјата преку зголемување на ефикасноста на другите институции кои понатаму треба да постапат по препораките на ДКСК кон целосно затворање на предметите.

Со меѓународна поддршка преку ИПА проекти на ЕК, проектна соработка и помош од УСАИД, ОБСЕ, РАИ, ИФЕС, УНДП, Холандската и други амбасади и меѓународни организации, успеавме да:

  • Да подготвиме Национална стратегија за борба против корупција, и софтверско решение за следење на истата
  • да развиеме систем на интегритет –и софтверско решение за следење на истиот,
  • внатрешни акти и документи за потребите на ДКСК
  • да ги зајакнеме капацитетите на ДКСК преку тим билдинзи, посета на конференции, обука на вработена за примена на ИТ алатките во аналитика и анализа, обука CIPFA
  • подготвивме низа прирачници, упатства, насоки, и други документи, за јакнење на личниот интегритет,
  • да преземеме повеќе активности за едукација на стручниот кадар, даформираме тренинг центар кој ќе се развива во насока на специфични програми за секој од елементите на интегритетот и борбата против корупцијата.
  • воведовме е-учење на антикорупциски теми
  • да воведеме антикорупциски содржини во редовното основно и средно образование.
  • Да спроведеме кампања во 13 основни училишта за јакнење на интегритетот кај децата.

Со меѓународна поддршка се обезбеди

  • воспоставување на систем на следење на ризиците од корупцијана повеќе нивоа,
  • изработка на анализа за ризиците од корупција во правосудниот систем,
  • изработка на антикорупциска програма за јавните претпријатија и трговските друштва во државна сопственост,
  • примена на новиот Закон за лобирање и запознавање на процесот на лобирање во институцијата, но и за пошироката јавност.
  • следење на финансирањето на политичките парти и изборните кампањи како нова надлежност на ДКСК воведена со новиот ЗСКСИ.
  • Од меѓународната заедница се обезбеди поддршка за ИКТ опрема и преку 10 софтверски решенија кои во голема мера ја унапредија и забраа работата на институцијата,
  • И конечно профункционира софтверот за електронско поднесување на анкетните листови електронска евиденција во Регистарот за избрани и именувани лица.

Меѓународната заедница многу често укажува дека корупцијата во РСМ е присутна во сите пори, преставува причина за сериозна загриженост, дека земјата мора да најде начин да ги разбие заднинските политички мрежи што овозможуваат цветање на корупцијата и дека мора да постои вистинска политичка волја да се запрат овие мрежи. Но, за жал овие укажувања завршија со констатацијата дека Досега напредокот на овој фронт сериозно недостига.

Овиезборовисесиленалармзаситечинителивоопштеството ибара ангажираност на сите нивоа.Потребно е сите релевантни институции да преземат активности во рамките на својата надлежност и да ја зголемат својата ажурност.

Очекувам во иднина препоракитеод меѓународниот фактор да бидат сериозно сфатени и прифатени и да се зголеми ефикасноста на другите институции кои понатаму треба да постапат по препораките и иницијативите на ДКСК.

Ако сакаме да изградиме функционална држава и да го спречиме иселувањето од земјава тогаш сите ние треба да си зададеме цел – изградба на здрави и силни институции, со интегритет, кои ќе овозможат владеење на правото.

Ние во ДКСК до крајот на нашиот мандат силно се залагавме за оваа цел.

На крајот на средбата, беше искажано задоволство од остварената средба и беше утврдена заложбата на меѓународната заедница за понатамошна поддршка на работата на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата

Прочитајте

МЕТ: Министерот Дурмиши дел од „Зајакнување на идните генерации: Улогата...

0
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, учествуваше на еднодневната конференција, насловена „Зајакнување на идните генерации: Улогата на економското образование во одржливиот развој“, што...