spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Ново спортско игралиште во дворот на ООУ „Димитар Поп...

Ѓорче Петров: Ново спортско игралиште во дворот на ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“

Службата на Општина Ѓорче Петров стартуваше со расчистување на теренот на поранешното тениско игралиште во дворот на ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ – простор кој наскоро ќе добие целосно нов и модерен изглед.


На ова место ќе се изведе ново школско фудбалско игралиште по сите современи стандарди, наменето за децата од училиштето, но и за други корисници.
-Нашите заложби за правилен развој и насочување на децата кон спорт се видливи. Ова е еден пример како да им се овозможи на најмладите жители на Ѓорче Петров да имаат соодветни услови за рекреативен и професионален спорт. И тука не застануваме. Имаме проекти со кои ќе ги мотивираме младите генерации да се одлучат за спортски активности, што е особено важно при нивниот психо-физички развој – рече градоначалникот Александар Стојкоски кој денеска ја посети локацијата што е во тек на подготовка.
Ѓорче Петров, како што додаде, е синоним за добар фудбал, квалитетен ракомет, успешни кошаркарски имиња, млади кои ги освојуваат пинг-понг и бокс терените и ние сме горди на нив.


-Токму затоа, Општина Ѓорче Петров ќе продолжи на различни начини да ги стимулира младите што повеќе да водат спортски живот- истакна Стојкоски.

Извор: Општина ЃорчеСлужбата на Општина Ѓорче Петров стартуваше со расчистување на теренот на поранешното тениско игралиште во дворот на ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ – простор кој наскоро ќе добие целосно нов и модерен изглед.На ова место ќе се изведе ново школско фудбалско игралиште по сите современи стандарди, наменето за децата од училиштето, но и за други корисници.-Нашите заложби за правилен развој и насочување на децата кон спорт се видливи. Ова е еден пример како да им се овозможи на најмладите жители на Ѓорче Петров да имаат соодветни услови за рекреативен и професионален спорт. И тука не застануваме. Имаме проекти со кои ќе ги мотивираме младите генерации да се одлучат за спортски активности, што е особено важно при нивниот психо-физички развој – рече градоначалникот Александар Стојкоски кој денеска ја посети локацијата што е во тек на подготовка.Ѓорче Петров, како што додаде, е синоним за добар фудбал, квалитетен ракомет, успешни кошаркарски имиња, млади кои ги освојуваат пинг-понг и бокс терените и ние сме горди на нив.-Токму затоа, Општина Ѓорче Петров ќе продолжи на различни начини да ги стимулира младите што повеќе да водат спортски живот- истакна Стојкоски.

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте