spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Нашата најдобра таеквондистка во сериозна трка за ОИ

АМС: Нашата најдобра таеквондистка во сериозна трка за ОИ

Три победи над претставничките од турската репрезентација и победа против Русинка на официјален турнир Г1 каде се собираат бодови за олимписката ранг листа е успех со кој можат да се пофалат само натпреварувачите од светска класа.

Ова е остварувањето на Македонската таеквондистка Милијана Рељиќ на последниот Г1 турнир во Турција и истовремено причина за прием во Агенцијата за млади и спорт.

-Младите спортски надежи се иднината на Македонскиот спорт, а Мила е една од талентите од кои се очекуваат медали на големи спортски натпреварувања, истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт.

Мила во придружба на својот тренер Александар Ефтимов говореа за импресиите од Турција, потенцирајќи ја огромната конкуренцијата во женското таеквондо во Турција која произлегува од податокот дека на последното државно првенство во Турција само во нејзината категоријата, Рељиќ имаше 250 натпреварувачи, а на последната Олимпијада во Токио само Турција имаше квалификувани натпреварувачки во сите женски категории.

Рељиќ во финалето не успеа да ја победи Хрватката Ивана Арелиќ во конкуренција од над 2000 натпреварувачи, многу од нив светски и олимписки медалисти кои учествуваа на Турскиот GXNUMX Open.

Ова се нови 7,20 поени за Милијана Рељиќ и голема надеж дека ќе успее да избере норма за Олимписките игри во Париз 2024 година.

Извор: Агенција за млади и спорт

Прочитајте

Мицкоски: Граѓаните да се чувствуваат безбедни, Владата обезбедува безбедна и сигурна...

0
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека граѓаните треба да се чувствуваат мирни и безбедни, безбедносната состојба...