Маџир Маало, едно од најстарите скопски маала, речиси половина век организира традиционални маџирмаалски средби за своите жители и за пријатели на маалото. Градоначалникот Горан Герасимовски беше дел од главната манифестација на овие традиционални средби, на свечената маџирмаалска вечер, која се одржа во Хотел Континентал.
„Голема традиција на една од најстарите скопски населби. Благодарницата што ми ја врачивте е само мотив плус за секоја следна година да славиме заедно, сплотени во се поголем број и заедно да испишеме историја за модерно Скопје“, изјави градоначалникот.
Општина Центар ќе продолжи да ги поддржува активностите на маџирмаалци, кои имаат цел да ја задржат традицијатата и духот на Скопје.
Извор: Општина Центар