Во КСП Центар – Јадро денес се отвори архитектонска изложба на студенстки проекти за идејно решение за Центар за наука и техника во населба Пролет во Општина Центар. На настанот градоначалникот Горан Герасимовски ги поздрави сите учесници, а свое обраќање имаа и продеканката Ана Тромбева Гаврилоска, професорот Михајло Зиноски и претставник од центарот.
Ова е шеста година по ред како Општина Центар има успешна соработка со Архитектонскиот факултет, каде што колеги архитекти од општината соработуваат со студентите од IX семестар и преку сопстевни искуства и знаења ги водат студентите да одговорат на предизвикот.
„Прекрасни архитектонски решенија за објектот Народна техника како Центар за техничка култура. Им честитам на студентите од Архитектонскиот факултет кои ги изработија овие 14 трудови и покажаа дека поседуваат неверојатна креативност, инспирација и знаење да одговорат на предизвикот за изработка на вака значајни објекти. Верувам дека нивната креативност ќе ја гледаме на други модерни и значајни институции во градот и државата“, изјави Герасимовски.
Изложбата ќе биде отворена до 29 февруари во КСП Центар – Јадро.
Извор: Општина Центар