spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Средба на Велковски со директорите на Јавните установи за згрижување и...

МТСП: Средба на Велковски со директорите на Јавните установи за згрижување и воспитување на деца

Техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски денеска оствари средба со директорите на детските градинки од цела Македонија, на која се разговараше за сите затекнати проблеми во детските градинки ширум државата и реалните можности за нивно решавање во периодот на техничка влада и по изборите на 8 мај.

“Во изминатите четири недели како сум во министерството за труд и социјална политика добиваме секојдневно жалби и поплаки во однос на многу прашања и проблеми коишто ги засегаат детските градинки. Се уште 5.000 дечиња се на листите за чекање во самите детски градинки, а тоа известува дека просторните услови се сеуште недоволни во најголем дел од општините во Македонија. Овде го имаме проблемот и со согласности за кадар коишто за жал низ изминатите години не ги добивале за да можат да ги пополнат сите испразнети места од пензионирање, заминување од работа и слично. Разговаравме и за проблемот за над 1.000 луѓе коишто чекаат се уште во фиоките на министерството како баратели за стекнување со лиценца за негуватели, воспитувачи и друг стручен кадар“, вели министерот Велковски.

На средбата со директорите на градинките се разговараше и за зајакнување на превентивните мерки коишто ги преземаат министерството и самите градинки во насока на спречување на ширењето на големата кашлица, потенцирајќи ја потребата од почитување и примена на воспоставените мерки како во Скопје, така и во другите градови во државата. Досега спроведените инспекциски контроли на територија на Град Скопје немаат утврдено неправилности и прекршувања од страна на детските градинки во главниот град.

“На наша иницијатива, моја со тимот минатата недела испративме известувања до градинките за да го почитуваат она што значи правната легислатива да не бидат запишувани дечиња коишто немаат вакцинален картон. Инспекторите се на терен, прават постојани контроли и имаме записници според кои до сега не се изречени мерки по однос на прекршување на делот примени дечиња во градинките без вакцинален картон. Во сите проверки кои се направени од страна на инспекторите во Скопје бидејќи овде е и жариштето, секаде каде се отидени инспекторите ги проверуваат досиејата и до сега не се најдени забелешки“, дополнува министерот Велковски.

Извор: Министерство за труд и социјална политика

Прочитајте

Велес: Реконструкција на улицата „Луј Пастер“

0
Целосно ќе се реконструира улицата „Луј Пастер“. Во тек се подготвителни зафати за отпочнување на реконструкцијата на улицата, се руши потпорниот ѕид со цел...