spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕ: Државниот секретар Размена Чекиќ Дуровиќ, денес оствари средба со г-ѓа Cinzia...

МЕ: Државниот секретар Размена Чекиќ Дуровиќ, денес оствари средба со г-ѓа Cinzia MISSIROLI Директорката на Стандрардизација на европските организации за стандардизација (CEN и CENELEC)

Во рамки на официјалната посета на претставници од Европските организации за стандардизација (CEN и CENELEC) на Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија  се оствари работна средба со која претседаваше  Државниот секретар г-ѓа Размена Чекиќ-Дуровиќ, а на истата присуствува г-ѓа Нериман Џеладини, раководител на Секторот за  внатрешен пазар,  директорот на ИСРСМ г-дин Џеват Кицара, г-дин Горан Плетварски од ИСРСМ, претседателката на Собранието на ИСРСМ г-ѓа Јадранка Блажевска Гилев, претседателката на Советот на ИСРСМ г-ѓа Сандра Темкова Еленов,  додека од страна на CEN/CENELEC присуствуваше г-ѓа Cinzia MISSIROLI Директорка на Стандрардизација на европските организации за стандардизација и г-ѓа Камила ПУЈАН, Раководител на оддел за управување и членство. 

На средбата гостите од CEN/CENELEC беа запознаени со работата на Министерството за економија во делот на имплементација на европските директиви и регулативи. Исто така, се потенцираше одличната меѓуинституционална соработка и потребата од поддршка во имплементација на европското законодавство во делот на така наречениот Нов приод. 

На средбата се разговараше и за идната соработка и можност за реализација на европските проекти кои би биле од бенефит за националната економија и засегнатите страни односно Министерството за економија,  ИСРСМ, техничките факултети и стопанските комори.

Извор: Влада

Прочитајте