поред податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2023 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.90 %.
Највисока стапка на слободни работни места од 3.44 % има секторот Ѓ – Градежништво, додека најмала е стапката во секторот Г – Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0.47 %.
Деловните субјекти со број на вработени од 250 и повеќе имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2.05 %.
Пелагонискиот Регион има највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2.62 %.
Најголем број слободни работни места, односно 2 656, има во петтата група на занимања – Работници во услужни дејности и продажба.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел: +389 2 3295 666
е-пошта: press@stat.gov.mk
Извор: Државен завод за статистика