spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниОхрид: Интензивни градежни активности за реконструкција на улицата Гоце Делчев

Охрид: Интензивни градежни активности за реконструкција на улицата Гоце Делчев

Градежните активности за реконструкција на улицата „Гоце Делчев“ се одвиваат интензивно и по утврдена динамика. Во моментов ЈП „Нискоградба“ работи на изградба на атмосферската канализација во должина од 1200 метри. Веќе е завршен приклучокот на новата атмосферска мрежа по кракот на улица „Сатеска“ во населба Далјан.

Екипите на изведувачот АД „Илинден“ вршат партерно уредување и замена на бехатон елементите и рабниците по должината на улицата во населбите Далјан и Воска, а кабелските оператори ЕВН и Телеком работат на спуштање на својата мрежа под земја.

Во рамки на проектот за реконструкција на оваа важна сообраќајница, предвидено е поставување на нов асфалт на коловозот како и ново јавно осветлување.

Извор: Општина Охрид

Прочитајте

МЖСПП: Швајцарија ќе ја поддржи Северна Македонија во управување, користење и...

0
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски и...