spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Со Макпетрол потпишан Меморандум за соработка за имплементација на кампањата „Крени...

Илинден: Со Макпетрол потпишан Меморандум за соработка за имплементација на кампањата „Крени глас против врсничко насилство“

Општина Илинден и „Макпетрол“ потпишаа Меморандум за соработка за проектот „Крени глас против врсничко насилство“. Меморандумот го потпишаа градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски и директорката на Макпетрол, Марија Јосифовска Спасовска, пришто се утврдуваат активностите за спроведување на проектот во основните училишта на територија на општина Илинден.

За таа цел во училиштата ќе бидат организирани едукативни предавања и работилници од стручен психотерапевт за учениците од 6, 7, 8 и 9 одделение на тема врсничко насилство, како и дистрибуција на едукативен материјал, со цел препознавање и спречување на врсничкото насилство.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека за поздравување е заложбата на Макпетрол како општествено одговорна компанија, што се вложува во грижата за децата. Локалната самоуправа е секогаш отворена за соработка,  кога станува збор за грижата на децата од секоја возраст, затоа што нивниот правилен развој е инвестиција во иднината.

Од Макпетрол истануваат дека целта на оваа кампања е борбата против и соочување на врсничкото насилство, негово препознавање како и негов третман. Преку комуникациските активности ќе се зголеми интересот на јавноста за проблемот со врсничкото насилство, а со работилниците ќе се понуди пристап за директна работа со децата, со просветните работници како и со родителите.

Извор: Општина Илинден

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...