Општина Бутел продолжува со чистење на сите места во општината каде што е потребно.
На барање на граѓаните, иако не е под надлежност на Општина Бутел во пресрет на големиот празник Задушница, исчистена е големата депонија на автобуската станица на јавниот градски превоз како и околните улици во близина на Градските гробишта.
Ова е депонија која е создадена на јавна градска површина и Град Скопје не превземаше никакви активности за расчистување.
Граѓаните на Општина Бутел заслужуваат да живеат во здрава и чиста средина.
Извор: Општина Бутел