За време на посетата во Кралството на Саудиска Арабија, министерот за правда Кренар Лога оствари неколку посети меѓу кои и Саудискиот центар за обука за правда, каде што одблиску се запозна со развојната програма за зајакнување на судиите и правниот персонал и програми за квалификација за адвокати и нотари.
На состанокот се разменија искуства и добри практики од областа на едукација во правосудството. Беа разгледани просториите каде што се врши едукација на идните кандидати за правосудството. Истовремено ,се дискутираше и за разликите и сличностите на начинот на одвивање на едукаците и критериумите за примање на кандидативе во саудискиот центар за обука.
Извор: Министерство за правда