spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Велковски - 20 деца од кавадаречко Дреново ќе бидат згрижени во...

МТСП: Велковски – 20 деца од кавадаречко Дреново ќе бидат згрижени во новата адаптирана детска градинка

Со реконструкција и преадаптација на стар објект во Село Дреново во Општина Кавадарци, жителите добиваат детска градинка која ќе ги задоволи капацитетите за згрижување на 20 деца од ова село. Министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски заедно со градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев денеска извршија увид на просторните услови на градинката.

„Ова е една одлична порака која што ја праќаме од Општина Кавадарци дека секое дете ќе има можност да биде згрижено и да биде дел од детската заштита. Овој објект е адаптиран и реконструиран од страна на општина Кавадарци, а опремата е финансирана од страна на министерството за труд и социјална политика. Ваквите проекти и во иднина ќе продолжиме да ги поддржуваме бидејќи навистина значат за вака населени места каде што има реална потреба, родителите односно семејствата да имаат можност дечињата да им бидат дел од детската заштита каде ќе има и квалитетна грижа и квалитетно образование во иднина, порача министерот Велковски од кавадаречко Дреново.

Со измените на Програмата за изградба, опремување и одржување на објекти за детска заштита за 2023 година, министерството за труд и социјална политика го реализираше проектот за опремување на групи во други просторни услови во село Дреново. Министерот Велковски порачува дека ваквата поддршка ќе ја добиваат сите општини и ќе биде еден од идните проекти, коишто идната влада по 8 мај ќе започне да ги спроведува на целата територија на Македонија.

Извор: Министерство за труд и социјална политика

Прочитајте

Средба Маричиќ со Јанос Бока: Европската интеграција на Северна Македонија мора...

0
Првиот заменик претседател за европски прашања Бојан Маричиќ денес оствари средба со Јанос Бока, министерот за европски прашања на Унгарија.  На средбата се говореше за...