spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Реакција за протестот „Стоп за извршителите“

МП: Реакција за протестот „Стоп за извршителите“

Министерството за правда нема законски надлежности да дава автентично толкување на законските норми што е во исклучива надлежност на Собранието на Република Северна Македонија.

Министерството за правда ве информира дека исклучива надлежност за постапување по основа на застареност на предмет кај извршител има судот во соодветна постапка.

Правниот институт -застарување, роковите, прекинот и начинот на утврдување, се регулирани со бројни одредби од Законот за облигациони односи (член 349-382) и истиот не се применува автоматски, туку се утврдува во судска постапка на предлог на должникот.

Извршителот е должен да постапува по барањето на доверителот и притоа не е овластен да носи никакви процедурални одлуки во однос на текот  на извршувањето, што е во исклучива надлежност на судот.

Извор: Министерство за правда

Прочитајте