spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТВ: Бочварски - Драго ми што го решивме станбеното прашање на семејството...

МТВ: Бочварски – Драго ми што го решивме станбеното прашање на семејството Грозданов од Кочани, ова е заедничка акција на општеството

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор Зоран Ѓоргијев, денеска во Кочани го посетија семејството Грозданов на кое му беше доделен социјален стан од страна на Комисијата за станбени прашања при Владата. 

При посетата, министерот потенцираше дека по запознавање со целиот случај и обезбедување на целокупната документација од страна на надлежните служби, Владата преку Комисијата за станбени прашања на семејството Грозданов му е доделен социјален стан. 

Ова е дел од процесот на решавање на ранливите категории граѓани преку обезбедување на пристојно живеалиште, истакна Бочварски.

“Подавањето рака е наша обврска и токму овој случај е пример за тоа како треба да реагираат институциите. Ние сме социјална држава и јас силно верувам во вредностите на хуманоста. Откако мојот кабинет дозна за случајот и по прибирање на целокупната документација од сите надлежни служби,  Комисијата за станбени прашања при Владата со  која претседавам, во месец јануари додели социјален стан за семејството Грозданов. Денеска со директорот сме присутни во Кочани, остваривме средба со Даниел, разговаравме за неговиот случај и стоиме целосно на располагање за да обезбедиме проистоен живот за неговото семејство. Ова е една акција на целото општество со која овозможивме да решиме само еден проблем, но значаен за сите нас,“  изјави министерот Бочварски.

Семејството Грозданов брои шест члена од кои четири малолетни деца.  

„По објавување на сторијата за ова семејство, ние како акционерско друштво стапивме во контакт со Центрот за социјални работи и Комисијата за што поскоро ова семејство да добие кров над главата. Со тоа докажуваме дека основната дејност на нашата фирма и приоритет е грижа за сите социјални  категории граѓани”, изјави директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор од значење на Републиката,  Зоран Ѓоргијев.

Тој додаде дека во завршна фаза се проектите за изградба на нови социјални згради во Прилеп и Штип. 

Извор: Влада

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...