spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Здравствен дом Неготино со зајакнати капацитети

МЗ: Здравствен дом Неготино со зајакнати капацитети

Заменик министерката за здравство, д-р Маја Манолева беше во работна посета на Здравствен дом Неготино, каде оствари средба со менаџментот и направи обиколка низ установата.

Во изјава за медиумите, таа информираше дека во изминативе шест години се реализирани бројни инвестиции во Здравствениот дом со што се унапреди здравствената заштита за пациентите.

-Комплетно е опремена биохемиската лабораторија, како и службата за физикална медицина и рехабилизација со нова апаратура, простор и кадар. Набавена е нова опрема за службата за рендген дијагностика и за службата за Итна медицинска помош со домашно лекување којашто се дислоцира во нов реновиран простор. Возниот парк се зајакна со две нови санитетски возила и три патнички моторни возила за потребите на Поливалентната патронажна служба за првпат и за руралните средини, рече Манолева.

Во делот на инфраструктурното подобрување, Манолева посочи дека потпишан е договор за реализација на проект за енергетска ефикасност. На дел од објектот поставени се нови ПВЦ прозори и врати и извршена е реконструкција на надворешните приоди со уредно осветлување.

-Покрај вложувањето во опрема и инфраструктура, Здравствениот дом реализираше и 42 вработувања на здравствени работници и административно-технички персонал. Реализирани се седум специјализации, а упатени на специјализација се и четири доктори на медицина. Особено сме горди што статутот на оваа установа се прошири со нова дејност „Неврологија“ со која на пациентите им е овозможен и ваков тип на здравствена услуга. Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија, во изминатиот период покажаа како се работи во интерес на пациентите и здравствениот персонал. Со истото темпо, продолжуваме и во следниот период, истакна Манолева.

Извор: Министерство за здравство

Прочитајте