Ги известуваме граѓаните дека активностите за реконструкција на водоводната мрежа во Богданци моментално се одвиваат на улицата Страшо Пинџур. Се препорачува на учесниците во сообраќајот да ја прилагодат брзината на движење спрема условите на патот, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, сообраќајните правила и прописи и да се движат со зголемена внимателност, а по потреба да ги користат останатите улици од сообраќајната мрежа, како алтернативни правци за движење.
Извор: Општина Богданци