Интензивно се работи на подобрување на патната инфраструктура на територија на Општина Илинден. Во рамки на Проектот за подобрување на патната инфраструктура-изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта отпочнаа градежните активности на улица „36“ во локалната економска зона „Карагач“ во населба Илинден.
Со градежните работи планирано е да се изврши целосна реконструкција на улицата во должина од 680 метри и широчина од 6 метри коловоз. Оваа улица е од големо значење бидејќи претставува главна сообраќајница за локалната економска зона „Карагач“ како и ги поврзува населените места Ајватовци и Бунарџик со населба Илинден.
За време на реализација на градежните работи на улицата ќе биде воспоставен времен режим на сообраќај, кој ќе го спроведува фирмата изведувач на активностите на терен, Филип инжинеринг ДООЕЛ Скопје.
Увид на почетокот на градежните работи изврши градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој се запозна со динамиката и текот на одвивање на активностите, пришто посочи дека реконструкцијата на оваа улица значително ќе ја подобри функционалноста во работењето на стопанските субјекти од локалната економска зона, како и секојдневното функционирање на граѓаните од Општина Илинден.
Целосната инвестиција за реализација на овој проект е со средства од буџетот на Општина Илинден.
Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со инвестиции за подобрување на локалната патна инфраструктура се со цел да им се овозможи подобри и поквалитетни услови за живеење.
Извор: Општина Илинден