spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Исполнети се условите за работа во Центарот „Една точка за услуги“...

МИОА: Исполнети се условите за работа во Центарот „Една точка за услуги“ во Тетово за поефикасно работење

Министерот за информатичко општество и администрација, Наим Бајрами, денеска имаше средба со вработените во Центарот „Една точка за услуги“ во Тетово. 

Министерот Бајрами истакна дека испитани се и земени предвид сите барања кои беа официјално упатени од вработените во Центарот „Една точка за услуги“ во Тетово, односно дека нивните барања се исполнети за многу кратко време, за нормално функционирање и непречено давање на услугите.

Воедно, министерот Бајрами вети дека „Една точка за услуги“ – Тетово, ќе има нова локација во центарот на градот, подостапна за граѓаните, каде, исто така, на граѓаните ќе им биде полесно да се ориентираат.

„За да наликува на модерен центар при обезбедувањето на дигитализирани услуги, кои ќе бидат што е можно поефикасни и во корист на граѓаните, со цел работниот процес да продолжи без пречки, прво, мора да се обезбедат услови за работа на вработените, кои јавно кажувам дека се успешно остварени и воедно ветувам дека Центарот „Една точка за услуги“ – Тетово, ќе има нова локација во центарот на градот, подостапна за граѓаните“, – изјави министерот Бајрами.

„Како надлежно министерство во давањето на услугите што ги нуди овој Центар, наш главен приоритет е да обезбедиме најповолни услови за работа на вработените, со цел услугите да бидат најквалитетни и навремени. Токму поради оваа причина, ние сме тие што ќе ги донесеме нашите услуги до граѓаните. Навременото давање на овие услуги ја намалува загубата на време и ја зголемува довербата во институциите“, – нагласи министерот Бајрами.

Министерот, исто така потенцираше дека оваа динамика на работа ќе продолжи и во Центрите лоцирани во Скопје, Куманово, Битола и Охрид.

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...