spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВелес: И Хартијата има вредност - Рециклирај за здрава Иднина

Велес: И Хартијата има вредност – Рециклирај за здрава Иднина

Во рамките на проектот „И хартијата има вредност – рециклирај за здрава иднина!”, учениците од ООУ „Васил Главинов“ – Велес, ООУ „Св.Кирил и Методиј“ – Велес, ООУ „Стојан Бурчевски Буридан“ – с.Иванковци, ООУ „Рајко Жинзифов“ – Горно Оризари, ООУ „Лирија“ – с.Бузалково и ССОУ „Димитрија Чуповски“ – Велес изработија осмомартовски честитки од рециклирана хартија. Честитките ги поделија на припадничките на понежниот пол во нашиот град, а сè со цел подигнување на свеста и зголемување на знаењето за начинот на рециклирање на хартијата.

Проектот го спроведува Здружението на граѓани „Ресурсен центар на лица од ранливи категории – РЦЛРК” – Велес во партнерство со Здружението на граѓани „Куќа на среќата” – Скопје и е поддржан во рамки на Регионалната програма за локална демократија на Западен Балкан 2 (ReLOaD2), финансиран од  Европската унија (ЕУ), а се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), со финансиска поддршка од Општина Велес.

Извор: Општина Велес

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...