spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниПрилеп: Наскоро во функција инклузивното детско игралиште на Могила

Прилеп: Наскоро во функција инклузивното детско игралиште на Могила

Привршуваат градежните активности околу изградбата на инклузивно детско игралиште во паркот на Могилата на непобедените, со пристапност и содржини за сите деца.


Проектот произлезе од програмата „Форуми во заедницата“ преку проектот „Зајакнување на општинските совети-фаза 2“ каде што Советот на Општина Прилеп и учесниците на форумот заеднички одлучија приоритетен предлог проектот да биде „Изградба на инлузивно детско игралиште“ во општина Прилеп. Предлог- проект произлезе од причина што Општина Прилеп нема доволно детски игралишта за деца со попреченост.


„ Прилеп сега ќе има модерно и функционално инклузивно игралиште. Овие деца, најчесто заради непрстапносата не ги користеа детските игралишата кои ги има Прилеп , а во инклузивно општество и во заедница која настојува да гради општество за сите, потребна е максимална грижа за сите граѓани, особено за децата со попреченост.“ истакна градоначалникот на Прилеп, Борче Јовечски кој денеска со Претседателот на Советот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски го посетија детското инклуивно игралиште во изградба, на Могила.

„Главната цел на овој проект беше да се даде придонес кон обезбедување на услови за подобар психо-физички развој на децата и да се придонесе за зајакнување на социјалната инклузија која подразбира чувство на прифатеност во локалната заедница и почитување на правата и способностите на секој поединец, а програмата „Форуми во заедницата„ се покажа како одлична алатка за демократска одлука и соработка со граѓаните и носење на квалитетни одлуки за потребите на заедницата. Граѓаните на Прилеп навистина знаат што им треба.“ рече Претседателот на Советот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски
Вкупниот буџет за реализација на проектот изнесува 3 милиони и 700 илјади денари. Од нив 72% се средства обезбедени од донаторот, а 28% од Буџетот на Општина Прилеп. Реализацијата на проектот ќе заврши до крајот на овој месец.

Проектот „Зајакнување на општинските совети“ финансиски е поддржан ид Embassy of Switzerland in Macedonia, Швајцарската влада и Министерство за локална самоуправа, а екофинансиран и се спроведува преку Програмата за развој на Обединетите нации UNDP MK во соработка со национални и локални партнери.

Извор: Општина Прилеп

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...