Во рамки на 138-та пленарна седница што се одржа денеска во Собранието на Република Северна Македонија, на дневен ред беше Законот за изменување и дополнување на законот за медиуми – системско решение за поддршка за печатените медиуми и истражувачкото новинарство.
На денешната седница е ДОНЕСЕН предлог текстот на законот со кој се утврдуваат условите за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми, се стимулира продажбата и опстанокот на печатените медиуми како најстара форма на известување на јавноста, за политички, економски, социјални, културни и прашања од јавен интерес, а се поддржуваат весниците што се објавуваат на јазикот на националностите во државата.
Со овој закон, печатените медиуми имаат корист да не зависат од волјата на политиката во реализирање на ова право, се со цел, да се овозможи поголема независност на медиумите, знаејќи дека нивните права произлегуваат од едно вакво законско решение.
Во ова време, кога целиот свет е жртва на лажните вести преку нови интернет портали, за кои никој не знае кој стои зад нив, помошта токму на традиционалните медиуми е во насока на спречување на негативното влијание на овие фабрики на лажни вести.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација