На предлог на градоначалникот Дарко Костовски, а од страна на советот на Општина Бутел беше изгласана одлука со која се ослободуваат од плаќање на партиципација за градинка деца кои имаат наод и мислење од стручна установа или специјалист.
Соочувајќи се со енормните поскапувања, зголемите сметки и зголемените трошоци за живот, Општина Бутел носи нова мерка со која директно финансиски се помагаат родителите.
Ова е уште една од низата мерки со која директно се помага на родителите.
Со низа проекти локалната самоуправа ги ублажува ефектите од огромната финансиска криза во која се наоѓаат граѓаните на Република Македонија.
Извор: Општина Бутел