spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: Започна изградбата на новата камбанарија на Црквата кај Смилковското езеро

Гази Баба: Започна изградбата на новата камбанарија на Црквата кај Смилковското езеро

Со осветување на темелот го означивме почетокот на изградбата на камбанаријата на Црквата Св. 40 Маченици на Смилковското езеро.

Осветувањето на темелот го изврши Архепископот на Македонската Православна Црква – Охридска Архепископија Господин Господин Стефан.

Оваа Црква и камбанарија се гради во слава и сеќавање на Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски, Кире Тричковски и Борче Стевковски кои беа свирепо убиени на 12 Април 2012 година на Велики Четврток.

Божјиот храм и камбанаријата на ова место ќе бидат вечен паметник за трагедијата која се случи на ова место и никогаш нема да дозволи да се заборави сторениот злочин.

Извор: Општина Гази Баба

Прочитајте

МЖСПП: Меџити оствари средба со министерот за животна средина на Република...

0
Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска одржа важна средба со министерот за животна средина, просторно планирање и...