spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Општините усвојуваат локални акциски планови за управување со отпад, како исчекор...

МЖСПП: Општините усвојуваат локални акциски планови за управување со отпад, како исчекор кон воспоставување на интегриран систем за управување со отпад

Четиринаесет партнерски општини во Пелагонискиот и Југозападниот регион успешно ги развија и одобрија своите локални акциски планови за управување со отпад (ЛАП), што е исчекор кон промовирање на Интегрираниот регионален систем за управување со отпад во државата.
Овие планови, развиени од општините и технички поддржани од САЛАР Интернешенал (SALAR International), а со финансиска поддршка на Шведската меѓународна развојна соработка (SIDA), означуваат колективна посветеност за подобрување на практиките за управување со отпадот во Република Северна Македонија.
Усогласени со Регионалните планови за управување со отпад (РПУО), локалните акциски планови го претставуваат првиот чекор кон интегриран регионален систем за управување со отпад. Тие даваат приоритет на акции како што се обезбедување услуги за отпад на што е можно повеќе корисници, воведување систем за селекција на отпадот и собирање на одделни текови отпад, како и намалување на количината на отпад што завршува на депониите, со што се придонесува кон постигнување на националните цели за повторна употреба, рециклирање, преработка и превенција. Покрај тоа, тие се фокусираат на подигање на свеста во заедниците за одржливите практики за управување со отпадот.
Активностите наведени во ЛАП-овите се развиени со силен акцент на промовирање на пристап заснован на човековите права и родовата еднаквост. Ова значи дека акциите подеднакво се однесуваат на потребите на маргинализираните групи, истовремено обезбедувајќи оптимизација на услугите за комунален отпад за подобро да се приспособат кон потребите на жените во заедницата.
Врз основа на извлечените поуки во текот на процесот на изработка на локалните акциски планови, Министерството за животна средина и просторно планирање оптимистички гледа на постоењето заеднички и инклузивен пристап во планирањето со партнерските општини за да се обликува следниот РПУО, кој е планиран за 2026 година.
Локалните акциски планови кои досега се изработени се достапни на следниве линкови:

Општина Битола

Општина Новаци

Општина Прилеп

Општина Охрид

Општина Кичево

Општина Могила

Општина Пласница

Општина Демир Хисар

Општина Долнени

Општина Ресен

Општина Дебрца

Општина Вевчани

Општина Крушево

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте