spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаТрибина на Грковска за улогата на младите во зајакнувањето на демократската култура:...

Трибина на Грковска за улогата на младите во зајакнувањето на демократската култура: Младоста има голема трансформативна моќ, таа енергија треба да води кон заеднички напредок

Во организација на заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска во Клубот на пратеници се одржа трибина на тема „Улогата на младите во зајакнувањето на демократската култура“, на која учествуваа претставници на партиски подмладоци и на младински граѓански организации, со цел да се придонесе во градењето култура на дијалог и демократска атмосфера во пресрет на изборите.

Истакнувајќи дека со самото прифаќање на поканата за учество на овој настан, младите покажуваат демократска зрелост, вицепремиерката Грковска во своето воведно обраќање истакна дека ваквите дискусии се клучни за да одиме напред како заедница, без оглед на прашањата околу кои не се согласуваме.

„Важно е сите да станеме посвесни дека младоста и енергијата што ја носите има голема трансформативна моќ, која треба да се насочи кон вградување на вистинските вредности во општеството. Денешниот настан не е натпревар за политички поени, туку е замислен како заеднички напор кој цели кон заеднички напредок“, изјави Грковска и појасни дека трибината е продолжение на активностите кои во изминативе две години се одвиваа под слоганот „Зависи од мене и тебе“, со цел подигнување на свеста за важноста на принципите како интегритет, чесност и одговорност.

Младинските претставници се вклучија во отворена и конструктивна дискусија, која ја модерираше Владо Караев, и ги споделија своите ставови за учеството и одговорноста на младите во општествено-политичките процеси, како и за најголемите предизвици со кои се соочуваат.

Присутните се согласија дека за клучните прашања во општеството треба да се гради широк консензус, вклучително и за имплементацијата на Законот за млади, и во таа насока го критикуваа отуството на претставници од дел од подмладоците на партиите во земјава на денешната трибина, но изразија надеж дека ова ќе ги инспирира и мотивира за да се приклучат на идни активности од заеднички интерес.

Дел од заклучоците на денешната трибина се:

  • Потребно е да се зголеми младинското учество на сите нивоа. Младите да не се ограничуваат само на прашања поврзани со нивната возрасна група, туку во сите општествени процеси. Волонтерството да се поттикнува уште на почетокот на образовниот процес.
  • За целосно спроведување на Законот за млади, треба да се вклучат сите субјекти на централно и локално ниво. Потребно е да се реализира стратешката определба за посебно министерство за млади, со оглед на тоа што работата на Агенцијата за спорт и млади во најголем дел е посветена на спортот. Исто така, потребно е да се подобри учеството на партиите во Националниот младински совет, со оглед дека моментално само четири партии партиципираат во неговата работа.
  • Образованието е еден од клучните предизвици на нашето општество и потребен е консензус за концепциски промени и одржливи решенија со кои ќе се надминат проблемите и слабите резултати. Особено е важно да јакнат алатките за мониторинг, со кои се мери успешноста во спроведувањето на политиките.
  • Неопходно е во јавноста да се истакнуваат позитивни модели за идентификација и да се издвојуваат примери на дејствување со личен и професионален интегритет.
  • Младите треба да имаат корективна улога и да ја негуваат својата критичност, но и самокритичноста и индивидуалната одговорност.
  • Младите политичари и активисти треба да се спротивстават на длабоката поларизација во општеството и да негуваат поголема взаемна почит, пријателство и солидарност.

На денешната трибина учествуваа Дино Блажевски од Унија на млади сили на ВМРО-НП, Марко Михаилоски од СДММ, Висар Пилоши од ДПА, Богоја Петровски од Младите на Демократски сојуз, Александар Пандиловски од Младинска организација на ДОМ, Мила Петрушевска од ЗНАМ, Мелани Атанасовска од НСДМ, Горјан Чурлинов од Форумот на млади на партијата на Власите од Македонија, Александар Николовски од Соjуз на студенти – УКИМ, Берин Мухамед од Сојуз на средношколци, Мартина Јачевска од Сојуз за младинска работа и Филип Ивковски од Националниот младински совет на Македонија.

Со оглед дека прашањата отворени на денешната трибина се натпартиски и бараат консензус за доброто на сите во општеството, присутните се согласија ова да биде почеток на серија дебати организирани од различни претставници.

Извор: Влада

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...